се (зам.) - вгледа (гл.)

Сѐ уште верува, сѐ уште гледа и се вгледува во ноќта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе се вгледаше во полицаецот кој влегуваше во каушот, неспокојно ќе бараше нешто во дното на ходникот, ќе ги начулеше ушите да го фати крцкањето на стражарските скорни или тетеравењето на нозе, одвикнати да одат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така загледани, седиме ние на прагот од тоа што беше куќа, а јас се обидувам да се вгледам во очите на старичката и низ нивниот блесок да влезам во нејзината душа и да проникнам во нејзините чувства.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потем упаѓаат полицајци, возбудени и зли, на секој затвореник му се вгледуваат в очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)