Луѓето купуваа, носеа пакети, се буткаа, трчаа кон подземната железница...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Здраво“, рече збунето брат му и застана. „Вие веќе се познавате“, покажа со главата кон девојката. „Здраво“, рече и самиот. „Секако дека се познаваме, ако она, денес, беше запознавање.“ Околу нив се буткаа гласови и лакти, тие и самите отпор во лаките за удирања, беа безгласни.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Гледај како се буткаат. Еден од ваму, еден од таму, сите би сакале наеднаш.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
На сред дневната, една црна лента преку паркетот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се буткаше со начулени уши за да го распознае во нестројниот говор неговиот глас.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само еден по еден, не се буткајте народеее! ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Никој не може да го извади од кожа затоа што овде никој не смрди, никој не се шверцува и не се бутка за прв да влезе.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се буткале, секој да се наднесе над него, некои од помладите да му ја допрат со усни десната рака, чиниш тој внимателно ги слушал и ги следел со малку накривена глава и подотворено око кон своето воле под дамкав габер; суро живинче слично на изгаснато суштество.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)