се (зам.) - брза (гл.)

- Стој бре ќерата, каде си се забрзал! - викна едниот од аскерот наоружани до заби, небаре Петар брзаше, како може да се брза со толкав товар? - Добро, добро еве застанав...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се брзам! – наоружан до заби, тупкаше со малите ножиња во место, како да подскокнува, и така одеднаш лесен во одот, одлета кон вратата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Затоа таа си дава време. А и мене не ми се брза.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А чашата си стоеше сѐ така, полуиспразнета, и на Франц треба многу да не му се брзаше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ѝ се брза, се брза што побргу да загасне и сосем да поцрни овој простор над селово.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Затоа тој не се брзаше со работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чекај, уште не е доцна, може и тоа да биде. Не брзај, тебе многу ти се брза насекаде, — му одговори осорно Борис.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На пешакот изгледа не му се брзаше, та последниот коњаник често се обѕираше и викаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
АНЃЕЛЕ: Сѐ е тоа убаво што велите вие, ама беќарлакот не се враќа и затоа не се брза. За женење е лесно.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ЛЕНА: Мишко, господинот се брза, можеш да се поздравиш. ***
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Задимено бифе. Саздо е на шанкот, распетлан и весел, со чаша в раце.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Зад нас се залепи автобус и труби та труби. Изгледа му се брза.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зошто? Толку ли многу Ви се брза за назад?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Почнав да се брзам, нешто имам обврски... „Леле, леле, веќе доцнам“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На дебелиот не му се брзаше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Песот што пред тоа го ловеше опашот на својата сенка, жално квичеше пред нечија куќа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И нему не му се брза, се договоривме да се видиме за две недели.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А сега, пријателке драга, ви се брза или би можеле малку, ете така едноставно да си поседиме и поприкажеме?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Ноќта е наша - одговори Горјан. - Толку нам не ни се брза.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Детево е, Огнене, многу умно и бистро. Ама не треба да се брза.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Тогаш, не чекај, побрзај, оти и мене многу ми се брза.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Имаме време, никаде не ни се брза, ќе си ги читаме и Пецко, и модата, и козметиката“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еден ден некој ќе ги врати во живот. На Гркот му се брза.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
КИРО: Не мора да се брза. Нека се подготват. Нека почнат за два-три дена.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: Со студиите не ти се брза? Си ја крцкаш пензијата на татко ти.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Оди против себе. Ако ти се брза, успори, ако ти се оди, седни, ако ти се живее, умри. Тоа е бонтон.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знам дали им се брзаше или беа задоволни од одговорот дека одам на гости. Ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)