И еден со друг се бодревме за да се совладуваме, да почнуваме одново, да го искоренуваме плевелот на малодушноста.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не се бодреле ни со пцости ни со извици. Земјата под нив станала порамна, качувањето завршило.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И како целта да им било тоа чудо со празни очи на издолжени прозорци, како на тоа место со неколку искршени и безживотни стебла да ги чекал нов и величествен почеток, ги забрзале чекорите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)