3. Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите селани да се дотераат пред конакот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И патиштата се блокирани. Во Bronx се доаѓа само преку Бостон, а во Queens преку - Chicago!
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Телефонските линии помеѓу Bronx и Queens се во прекин, информациите се блокирани, овие од Bronx гледаат само TV-Bronx, оние од Queens само TV-Queens.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Некои автори со право поставуваат прашање зошто, меѓу останатото, дрогите не би се користеле како средство за продирање во длабочините на душата, со што би се ослободиле можностите за имитирање кои се блокирани благодарејќи на постојаните церебрални навики на нашата западна цивилизација.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не се сомневам дека ќе бидам слушана на радио „Ласер“ или гледана во моето шоу за обични луѓе со необични проблеми ама, за секој случај емисиите ќе бидат снимени и, кога телефоните нема да заѕвонат во контактниот дел, тогаш, како сите други, ќе речам: „Драги мои, гледаноста е сензационална,линиите се блокирани од јавувања.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)