се (зам.) - ближи (гл.)

Со веста за крајот на добрите односи помеѓу Тито и Сталин, се ближеше времето на крајот на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
– Животните, кога им се ближи смртта – рекол тогаш Чанга – ја бараат темнината. – Не ја знам причината – се сеќава татко ми на својот одговор – но човек кога му се ближи смртта, бара светлина, уште зрачец, небаре за да понесе светлина во темнината, во смртта! – Зошто ли е така? – бил упорен Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако се ближи кон шестата деценија, по својата виталност и активност тој прилега на момче кое е готово да прави хируршки интервенции уште многу години.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во неврзан разговор се ближевме кон универзитетскиот град Дармштат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку што се ближеше пролетта, калемењето на крувчето земаше сѐ поважно место во вечерните разговори меѓу Пискулиева и дедо Ивана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој уште еднаш го крева погледот спрема неа, ја граба како што се ближи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од ридот се ближеше зловолно гровтање. Наслушнав. Тоа, всушност, некој крај огнот дишеше со возбуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секако тој тоа можел да го знае многу подоцна а тогаш само се прашувал: зад жолтите и ребрести костури како друг обрач никнува од земјата нов обрач, и сѐ така: обрачи, обрачи, обрачи: Турци, костури, пак костури со кациги, со штитови и со мечови, потоа сенки со чекани од камен; и пак некои други (кој можел да ги знае?) грпкавичави, со мали мајмунски глави, со дебели заби под кои се двоел надве арапски рунтавест орев или дебела 'рскавица на животно со сурлеста глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По ден, тогаш веројатно по последниот јасник во таа илјада осумстотини триесет и петта година, додека светлоста откосо се ближела кон рудината на која стоеле, нејасноста во очите на видовитиот не можела да им стане водач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лежев на танко веленце и умирав покриен со нешто. Сепак се тресев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жената предизвикувачки се ближела покажувајќи ја белината на забите и без насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекал и дочекал - се ближи часот кога тој ќе го каже зборот со четирите полни шаржери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговото раскажување се ближело кон крајот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сето тоа, жив оков во оков, се стеснувало и се ближело без доаѓам, немо; најпрвин ќе удреле едни и тој ќе станел несуштествување а тие слеаност во точка, и другите да доаѓаат и да стануваат дел на точката, сите - скорчавите костури, призраците со кациги и штитови и костурите со чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак, и жеден, се почувствувал свечено на светлото катче на кое била распоредена бригадата со површност на номади и во нетрајни логори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
5 Го снемало, умрел. За таквите каков што бил Дмитар-Пајко обично се кажувало до заборав - умре по Поклади на патот кон Лесново, како што можело да се споменува, за него или за друг бележит селанец, дека се родил околу Задушници, кога овците на тој и тој ги нападнал помор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онемувале и гледале вкочането, чиниш ги обзел верски занес. Чувствувале машка гладост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исповедал други, ќе се исповеда и себеси, ќе се ослободи од тежина што го јавала триесет и една година, значи од смртта на деведесетпеттодишниот Лозан Перуника, потоа ќе појде утре со пленетиот машингевер кон слава од која огнено ќе прснат легенди и идни спомени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа е чудна глетка: нож по кој блескоти разлеаната крв на сонцето и глава, на која вивти војнички фес, мустаќи набабрени, свиснати, што фосфоресцираат и сето тоа бавно се ближи кон него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се причинуваше дека се ближат и го демнат ѕверови. Го слушаше нивното блиско ’ржење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А од далеку веќе се ближеше уште еден орел. ...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крај, нејзини, и мое спокојство, сфаќам најпосле. Грмежите се ближат, веќе се над нас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знам, се ближи денот на глорификација... Живеам во утопија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се ближи крајот. Почнуваш да го чувствуваш уморот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не ни е нужно да мудруваме. Се ближи денот- ќе војуваме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мортенија, за која пред тоа не знаев каква е, не беше ништо друго туку чудовиште од кое и камен ќе се наморничавеше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Појде кон Татковата библиотека на нова серија турцизми кои се однесуваат на човекот (телото, роднинската терминологија), според претходниот договор, којшто според двајцата требаше да се испочитува до крајот кој полека и се ближеше, ако не дојдеше до неочекувано запирање на некои зборови со посебно значење, како што беше случајот со турцизмот фиљан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко го чувствуваше ненаметливиот притисок на Мајка и децата да заврши тајниот пакт со Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од авлијата веќе идеше миризбата на големата пита тикуш под врелиот сач околу кој стоеше Мајка вадејќи жарчиња од пепелта и ставајќи ги на голите места на врелиот метал.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се ближеше пладне, но остануваше уште многу време до ручекот, а тие беа уште само на теоретскиот дел на дебатата за заемките на источните јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се ближеше часот на закажаната средба во претседателската палата кога требаше на новиот владетел да му ја пренесам пораката од владетелот на земјата кого што го застапував и во која беше запишано дека се признава неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се ближеа, се ближеа до нешто важно. Но, се ближеа ептен полека.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бев сама во Долнец. Се ближеше половината на септември. Наеднаш, сѐ опусте.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И, зошто, како што се случува во соништата, времето на среќните денови се ближеше кон крајот?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Избори нови повторно се ближат сомнителни ликови на гласање се движат за поголем процент редовно се грижат па гласови мртви во кутија нижат О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Мајка насетуваше дека сигурно ѝ се ближи крајот, сакаше да биде што поблиску до Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во времето кога се ближеа залезите на нивните животи и кога бевме далеку од нивната семејна орбита, со наши семејства, тие веруваа дека сѐ уште не престанала нивната мисија, нивната родителска грижа, посебно на Мајка која, и натаму, веруваше дека Бог ја одржува во живот токму за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од 1961 година, кон крајот на август, во овој мал град се одржуваат Струшките вечери на поезијата: на мост на истекот од езерото, каде што се формира Црн Дрим, се читаат песни од поети од светот, таму каде што јагулите-женки го почнуваат своето патување кон Средоземното Море потоа кон Саргасовото Море, кога се ближи времето на затворање на животниот циклус.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еднаш Игор Лозински му рече на Татко, а на тоа сега убаво се сеќаваше додека се ближеше кон крајот на истекот на реката, дека руската емиграција е нов феномен во универзалната историја на човештвото, што можеше да се спореди само со егзодусот на еврејската дијаспора.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со такви мисли, невесел, Мече се ближеше до реката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се ближеше крајот, а графиконот закачен пред бараката на штабот покажуваше дека ако се продолжи така знамето нема да се развее над логорот од нивната бригада.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Станав, и се приближив ододзади, ѝ се ближам и ѝ велам оти кафето може и убаво да биде и ѝ се ближам со главата меѓу увото и раменото да ѝ пуштам малку топлина од мојот топол воздух што го испуштам со зборувањето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Риби ќе ранат со нас, вели Манол Форевски, еве, Драч ни се ближи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се ближам кон куќата, и леле, цело скеле, целиот скелет ми се ниша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да ми беше многу јасно дека тука некаде се ближи крајот на нашето убаво дружење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога типот почна сѐ подлабоко да навлегува во филмот да биде менаџер, да прави модни ревии, ми стана јасно дека се ближи нашиот крај.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се ближеше априлската колоквиумска недела. Седев над книгите и читав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)