6. На крајот, денес и во иднина, никако не треба да го допуштиме исклучиво она што може да се анализира и да биде посредувано.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Затоа псевдонимите на уметниците и филмските ѕвезди никогаш не можат да се анализираат подеднакво.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Таинственоста на уметничкото, коешто естетските теории (Adorno-вата и Hartman-овата) ја опишуваа како „повеќекратност”, херметичност, фиктивност и дереализирана појавност на уметничките ликови, се поврзува со комплексното сетилно осознавање, коешто „гледа” во тие делови повеќе отколку што може да се анализира со рационални, логички поставки.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овие размислувања на Moravec се релевантни за теоријата на уметничкото која е еминентно подрачје на сетилното и на досетливоста (размислувањето во слики).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се консултираше запленетата преписка, се анализираа податоци од различни покажувања.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Еден од најчесто користените методи е етикетирањето на противничкото знаење како “идеолошко”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во оваа глава се анализирани и повеќе други проблеми: петрификацијата на мислењето, проблемот на одлуката (инспириран од Кјеркегор), како и проблемот на рационализмот на идеологијата и нејзината митска свест.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа овде одново се преиспитува, не само за да се апострофира неможноста од спознавање на историјата, односно нејзината фикционалност, туку и за да се анализираат психолошките аспекти на човековата индивидуација која без компонентите на минатото, тешко се заокружува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се анализирам себе си, констатирам дека не можам да се сфатам, да се дефинирам, освен дека сум повлечен, затворен, дека песимистички ги гледам работите во животот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во виенското списание Transit некогашниот славен полски дисидент Адам Михник во текстот со наслов Во сенката на Сократ пишува за националниот идентитет во модерното општество и ова го заклучува за денешната улога на интелектуалецот: „Држењето до вистината и воедно следењето на барањето сѐ околу себе да се анализира и секоја идеја на моќниците на овој свет да се изложи на испит - таквиот став за интелектуалецот значи: го прифаќаш тоа дека ќе станеш објект на навреди; мораш да сметаш со тоа дека луѓето за тебе ќе шират злобни гласини - дека ја презираш сопствената земја и ги предаваш националните вредности.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)