сам (зам.) - си (зам.)

И јата птици само надлетуваат и грачат и сам си зашто и бог - господ кренал раце од себеси и заминал некаде бесповратно.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Стана од креветот и тргна кон вратата којашто сам си ја отвори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На тоа сам си одговарал: - Не веројатно, туку сигурно во далечината имало длабоки пештери долови- резонатори, стени вибратори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секој сам си ја става цената.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Другиот сам си го читал саатот и увидел дека платил за отприлика 6 месеци однапред, па дошол да се пребива со ЕВН, и да бара камата за парите што му лежат кај нив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас пред малку ви преподадов дека првин Лествичник, а потем Сказник ме нарекоа, но не ви реков дека јас самиот си се нареков со име за мене најпригодно: Мозаичник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие две пилиња и ти сам си ги видел и си ги чул, синко, в поле кај си стојат по шипјето и глогјето и си пеат; едното си пее: сиве, сиве, а другото – чуле, чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Константин З . се чувствуваше семоќен, гледаше во огромното сиво здание на поранешниот монопол и сам си го поставуваше прашањето: дали некој друг успеал цел еден етникум да затвори во една единствена зграда?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Освен, се разбира, и лековите, аналгините, диуретиците, витамините и седативите, кои сам си ги препишуваше и ги голташе со грстови, за главата, за срцето, за џигерот, за желудникот, за нервите, со што ќе најдеше во чашата - од вода до вино преку ракија - борејќи се против несоница, депресија и безволие, воопшто од безизлез.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сам си виде што направи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А тој самиот си се познаваше добро: ако тргне по патот на козарите, ќе им се предаде со сета душа, ќе ги поведе, ќе им ги открие своите книги за козите, ќе се вклучи вистински во времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)