Беше задоволен што успеа да им го клоцне од под нозете барем за оваа утрина оној нивни задран начин на размислување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа оставени надвор од неговиот свет и денот, што одминуваше во неговите прозорци, и налетите на ветерот, со оној нивни мек закискан допир, и сите, сите други мисли.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не дека нив ги немало и порано, но не гинеле на ваков начин, под оружје и во униформи, во планински заседи и поради глупоста на шутраци како оној нивниот министер, кој сака од себе да направи прв воен херој на независна Македонија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И уште, криејќи ја од нив својата освестеност, само заради тоа што немаше сили да им одговори, можеше да го слуша како пробучува под него оној нивен тих, испрекинат од саповите, што ги носеше зачекореноста и умората, говор: - Го оставивме сам, толку време, - рече недовршувајќи од заздишаноста оној напред од неговата десна страна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега стоеја, сите шест, со своите шилести муцки, опрени во неговиот прозорец, на десетина метра од него, а тој на своето лице просто го сеќаваше оној нивни единствен поглед, што го проголтнуваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)