Уште подраматично, гејовите напреднаа од тоа да мора да наоѓаат скриено значење во главнотековните филмови – некако идентификувајќи се со подостарената главна кампеста глумица на начин што останатата култура не го сфаќаше – до тоа сите, и оние геј и оние стрејт, да го сфаќаат и да учествуваат во вицот на некој лик како што е Големиот Геј Ал од „Саут парк“ или Џек од „Вил и Грејс“.143
Штета што никој не се потрудил да им каже на моине студенти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, предмет што прави преглед и испитување на материјалите врз кои геј- мажите (и поединечно и во групи) изградиле заедничка култура или заеднички култури, исто така ќе биде и предмет што ќе ги иницира студентите, и оние стрејт и оние геј, во културната практика на машката хомосексуалност, до оној степен до кој таа практика се состои токму од споделувањето и испитувањето на таквите материјали.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)