Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Беше тоа еден од оние ситни ѕидари, кои никогаш не се одделуват од чекичот, мистријата, висакот и поличето, и на кои тоа никогаш не било во состојба да им донесе многу, сѐ до еден ден, кога...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)