Ѕвонливите снегулки, оние истите од првите безбрижни часови, ја прекриваат плашливоста и изгубеното траење.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Стојанка како крената пушка веднаш одговори: — „Неда", а попот си продолжи: „Крешчаетсја раба божја Неда, во имја отца амин, амин", и му ги Изреди ,и на ова детенце оние исти благослови што им ги рече на тие пред него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа беа оние исти германски војници, кои раното го видоа како продава млеко.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
— „И научи, кучката една“ — си велеше мајка ѝ со умот, кога на крајот на учебната година, на свети Кирил и Методи, даскалот Бино пак одржа цел говор за неа пред оние исти родители, пред кои есеноска одржа за нејзиното стапнување во училиштето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги крева рацете Богдан, се фаќа за железните шипки од креветот и прави напори да се крене, да стане, но оние исти полипи што го тргаа во болницата, пак го тргаат надолу кон водните длабини да не може да поземе воздух.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)