онаков (зам.) - жесток (имн.)

Мојата рака се колебаше, а рацете на мојата мајка веќе ја раскинуваа хартијата со онаква жестокост со каква што убиец, кој долго копнеел да одземе живот, конечно го извршува злосторството; го кинеше ликот на Рајнер на ситни парчиња, како кога убиецот, откако ќе ја убие жртвата, и натаму ѝ задава удари, не затоа што не е сигурен дали настапила смртта, туку затоа што смртта му изгледа премала болка, или самото убивање не ги згаснало неговиот бес и омраза, па и натаму му задава удари на мртвото тело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа мајка, стуткувајќи ги раскинатите парчиња, го отвори прозорецот, и го фрли она што до пред неколку мига беше ликот на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)