А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Станувај и засолни се негде со онаа твоја пеперуга. Ти доаѓаат сватови со оган.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Има да си ја свршиш онаа твоја задача што си ја започнал и не си ја завршил и поради тоа падна во очај.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Фиданка не си ги искуба косите по она што ти го виде.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ова се случувало пред оној твој Адам и онаа твоја Ева. Разбираш, пред новото раѓање на човештвото.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)