На тоа лице онаа насмевка скоро и како да не беше болна, таа само ги тераше да солзат суво неговите граорести очи. И штипкаше со погледот, пржеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На лицето ѝ се појави онаа насмевка што личи на изненада а притоа следена и со изразот на потсмевањето. (Мајка ми ѝ одговори со насмевка што не кажуваше ништо.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но среде насмевката можев да ја здогледам на нејзиното лице скромната лединка по која се движеа со речиси отсутни чекори многу од нејзини размисли и чувства.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој повторно ја испушти онаа насмевка од очите, ме прегрна со две намигнувања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)