Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она што го прави бродвејскиот мјузикл совршено приспособен за доловување и изразување на алтернативен светоглед, онаа желба двигател – длабокото чувство на различност што честопати досегнува дури до геј- детството – е, тврди Милер, самата форма на мјузиклот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)