она (зам.) - човече (имн.)

Наликува на она човечено што му е архинепријател на Пинк Пантер, но тоа е само анимирана фатаморгана: Куро нема архинепријатели.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Другиот е она човече налик на калемено од кловн и сатир.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Можеше само да го жали она човече, што си мислеше сега дека било попусто сето она негово чеперење по скелињата на светот, кое оној сега го презираше како будалштина од младите години, сиот оној свештен чесен труд, сиот оној свој живот, сите свои денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)