она (зам.) - место (имн.)

Средиштето е празно, и напротив, маргината е она место кадешто се репродуцира смисла и од кадешто може да се дофати по некоја вистина, ефемерна, секако, бидејќи вечни вистини веќе нема.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
ПАРИЗ најимпозантно се претставува на „Трокадеро“, на она место кај што се издига палатата „Шајо“ и од каде што се отвора величествена панорама - Ајфеловата кула, а понатаму убав парк полн со зеленило и цветни алеи во чие дно се наѕира Военото училиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Она место кај што спасителот вели: поарно да си го ископаш окото, отколку да погледаш жена со лоша мисла.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не е само она место во неа што го посочи Боце, има и други што ја кажуваат осудата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вртевме, вртевме над северните краишта и запиравме на она место каде што Васе ќе прочиташе замуцнато: - Лап ... Лап ... - толку е ... - ја оставаше книгата Васе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се собрале на она место каде што се допирал нивниот имот, а тоа е овој, денешниов пат, па се смириле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со трчање се упативме кон „Жандармерискана“, што се наоѓа онаму, на она место каде што патот од селово се здружува со џадето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја крена Кузман сабјата па одлево и кратко ја замавна врз врагот клет на она место кај што гордо гркланот на вратот над телото се подал сет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Врвовите на ученичките моливи се залепија за тетратките на она место каде што ги затече неочекуваниот остер ѕвонеж.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа се очи и уста а кругот е глава. На она место каде што стојат ушите - две долги линии; тие на крајот се разгрануваат како младо дрвце. Тоа се раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога беа на она место, каде што виделината на тој спрпелкан ден сосема се изедначуваше со врнежот, оние двајца толку се затскрија зад густата чипка на развиорените котолци на снежинките, што тој сега сети и како го штипкаат очите од таа напната и упорна загледаност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го гледаа како се слеа со полето, како потона во таа ноќ, како се спушти и над него тој нејзин плашт од сината месечина; гледаа кон таму се додека беше возможно да се забележи барем некое најмало движење на она место, каде што се искри од нивните погледи во темното зеленило, а после сите молчејќи се враќаа во своите легла, изморена и претепани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа изгледаше исто онака вретенесто и далечно, како што изгледаат рибите во матната вода, а тој никогаш не стаса да го дофати ни со мислите тоа меркање, што изгинуваше наеднаш, за да се појави пак на она место, каде што најмалку го очекувал, и во оној миг од разресената лента на сознанието, каде што најмалку можеше да го осмисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А во чекорењето снагата честопати знаеше и сама да му се згрчи и да се наежи на она место во ногата над десното колено, каде што беше најблизок големиот остар заб; тоа дури и кога бегаше од тоа да помисли го сеќаваше секогаш, на оној миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше на маѓијата на сите дивинки да се враќаат секогаш на она место, од каде што си ги скорнал првпат, но и тоа го стори повеќе како да се шегува со себе си, бессилен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Срнчето лижеше токму на она место, со кое што тој побара да го дофати, да го зграпчи. Беше тоа нешто сосема поинакво од сѐ друго што очекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Секој мисли дека е најубаво она место кај што се родил, вели Витомир, и го испушта чадот, заедно со зборовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа паднал преку мртвиот и го продолжил својот нов занает со заби, на кучешки начин кинејќи ја 'рскавицата на гркланот додека крвта од она место кај што му било увото се мешала со нешто потемната крв на проклетиот татко, неколку години потем на тоа место да не никне ни најдива тревка...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Удирал и ја дробел крцкавоста на главата што ненадејно брзо станувала безобличност на искинато месо, на крв и на ситни ковчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еве, и суетата спласна, па стојам пред тебе и гол сум регрут додека чекам - дали е слободно уште она место на градилиштето за кое ми говореше?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знаете ли што е со она место на планинското градилиште?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа требаше да биде лесно но, на ова или она место, постојано ја губеше сметката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Би можеле повторно да отидеме на она место во шумата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно време се оддалечив од другите и сам отидов на она место од каде што се гледа просторот на некогашниот Долнец, со црквата со седум гроба сосе на Борко Угрин и со онаа осамена куќа на Симон над езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Симон, кој како дете, и дотогаш земал по некоја задача да однесе ова или она, до ова или до она место за борците, таа ноќ се случило да се најде кај брат му Борко, кај командантот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По дувалото селото го нарекле Дувлец. Вулканот е обележан и во геолошките карти на она место каде што се сечат 21 степен на Источната географска должина и 41 степен на Северната географска ширина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сеќавајќи се на своето родно место, тој го подигна мостот на Дрина кај Вишеград на она место каде што во 1516 година ја прегази со коњот, натоварен со едната страна во еден кош.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Сан Диего е она место каде што учителките на девојчињата им ги запрегнуваат здолништата за да проверат дали не носат лесно проодни гаќички...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја тргна раката од она место а патем, многу бавно, го крена погледот и кон прозорците што гледаа кон дворот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А кладенчето беше малку потаму, речиси до она место каде што почнуваше орманот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На она место што отсекогаш го прижелкуваше – од другата страна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)