Петко пак, како манастирски слуга, ѓак, му носеше на владиката мед, ореви, сирење, маст од манастирот; го придружувале на враќање до Битола, бидејќи владиката неколку лета летуваше на овој нов манастир, та и тој беше познат во митрополијата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Овој нов кич како шеќерен прелив ја покрива грозната воена реалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Животот што се развиваше во неа ќе ја истера болката од нејзиното тело; крај овој нов живот не можеше и не смееше да има простор во неа за таа проклета болка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во шизофрената глава на граѓанинот на бивша Југославија се прекршуваат не само две стварности, онаа минатата и оваа сегашната, туку и два вида на кич: оној стариот, мртов веќе одамна, и овој новиот, кој никнува врз стариот, сметајќи на тоа дека реципиентот ја потиснал во заборав првата претставка.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Црни сонца гореа во срцето на овој нов ветер и милион изгорени лисја беа истресени од некое есенско дрво над хоризонтот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)