овој (зам.) - пазар (имн.)

На овој пазар тие ги прават последните покупки, пред да тргнат назад.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Цели шест месеци по овој пазар идеше Трајко на пазар и просто се спријатели со овие тројца аги што имаа корист од него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бидејќи целото село беше заинтересирано за оваа работа, овој пазар речиси од секоја куќа имаше по еден или двајца луѓе кои тераа на пазар по еден, два, па и повеќе добитоци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Задоволство е да се меркаш бесцелно по овој пазар и да одиш од тезга до тезга, да слушаш од сите страни викање, довикување, влечење на муштерии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)