овој (зам.) - камен (имн.)

Овој камен некогаш шеташе по овие ливади но молеше и кога беше жив: Љубеше да открива зборови низ пустошот, да ги лачи од песокот и низ голем порив да ги таложи врз себеси, да се скаменува.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Овој камен одгатнувал народи кои ја напуштале историјата, ја обликувал силата со која напуштените огништа станувале освета, им ковел мечови на воините и сам носел меч, но никогаш не се вратил понижен од војните.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ќе дојде време овој камен и овој рид кога не ќе бидат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)