овој (зам.) - дојде (гл.)

Овој дојде на определениот ден по своите бегови и агалари и кадијата го отвори мезличот со читањето на ферманот, а калуѓерот Аџи-Јане му објасни за сѐ што разбра во Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Андон провери и виде дека многу навлегле, а жицата од мадемот престанала, та му рефериса на Ѓузепо и овој дојде да се увери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Не му било пишано тука, но тој запали ханукија на Небото”, му рече Јаков на рабинот кога овој дојде да го изрази своето сочуватсво за преселбата на чесниот член на заедницата од сиромашното маало на битолска Ла Калежѐ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)