- Да не претеравме, брате, со овие наши гостевања... - му рече отец Иларион. - Како цареви ги храниме...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Удирајте право, да не мине никој од овие наши насилници клети!“
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Да си помогнеме во овие наши размислувања и со песничката: ЗА СИТЕ НАС За птица да лета, цвет убав да цвета, дрво да се виши, човекот да диши, чист ветрец да вее, јагненце да блее, чист снежец да вее, сончев зрак да грее, славејче да пее, дете да се смее - треба да умуваме, треба да ги чуваме: зеленилата, шаренилата, свежините и убавините - и ти, и тој, и јас, и ние, и вие, и тие, за мене, за тебе за сите нас!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Овие нашиве балкански кози, како и многу нивни господари никогаш наполно да се ослободат од стравот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)