И покрај тоа на филмот не му недостигаат хичкоковски потези; така веќе самото ограничување на случувањето на чамецот за спасување среде море не е никаква површинска екстраваганција, туку е втемелена со типична хичкоковска драматургија, кадешто напнатоста од ширината на случувањата се пренесува во „длабочина”, во 156 Margina #22 [1995] | okno.mk заплетканите, удвоени меѓусебни односи - драматичен контраст на некој настан е неговата сопствена темна, задна страна, а не надворешната противигра.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И покрај разновидните сексуални аномалии (егзибиционизам, хомосексуализам, травестизам, импотенција, проституција, промискуитет итн.) и различните облици на анти-социјално однесување, Ворхоловите најчести облици на фетиш беа лицето (портрети) и машкото тело (акт), на пр. Џон Џорно во Sleep, Пол Америка во My hustler, Ерик Емерсон во The Chel- sea girls итн., што подоцна ќе го продолжи Морисеј со Џое Далесандро во Flesh и Trash. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 97
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Бидејќи годините во кои се снимани овие филмови беа во знакот на сексуалната револуција, за Ворхол, како и за поголемиот дел од протагонистите кои беа католици, правењето на овие филмови и играњето во нив беше еден вид ослободување (Ворхол, барем, што се однесува до неговиот ритуален кодекс, никогаш не се откажа од својата вера).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)