овие (зам.) - ден (имн.)

Толку за сега. Потаму ќе ти јавам ако излезе нешто ново, а и ти веднаш чини абер ако забележиш нешто слично во твојот мудурлак".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој час наш човек ми кажа дека овие дни — салам и тој не знае кога — ќе имаш гости од планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трајко стана и почна да се правда: — Аир ефендум, шо е тој лав шо ми го велиш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислиш ти не знаеме ние оти ќе кревате ѓурунтија овие дни?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овие денови тој постојано имаше доволно пари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луѓето ретко се решаваат од Јесенице во овие дни да минат во Австрија, зашто патот води низ врвовите на Алпите, и може секогаш да изненади магла, дождот, па и снегот, и тогаш во оние кривулести и стрмни серпентини не е воопшто пријатно патувањето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа беше аранжирано, како што беше и објавено, во рамките на воените маневри, кои овие дни беа организирани во северните предели на нашиот јужен сосед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овие дни во Кралупи врнеше многу дожд и Влтава се замати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овие денови и години поминуваат како миг, како се да се случува со брзина на светлината под сонцево и месечинава.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И ништо не е случајно, секоја радост, секоја тага, секоја болка, секоја нежност, секој копнеж и сега кога е крај, кога сите слики се тука пред моиве очи, кога го склопив мозаикот на моите спомени, сега знам дека зиготот на животот е во љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја разгледувам својата истегната нога како објект вреден за почит, не мислам на ништо, слушам музика, одбрана, stress busters, new age, нарачав и brain supeerchanger, чекам да пристигне овие денови...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Рече: Зли се овие дни. Зли и големи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сфатив и тоа зошто Марина беше таква во сите овие денови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како што рековме, овие денови ќе ти се платат по два трудодена, а да не зборуваме за тоа дека со ова ти ја задолжуваш и целана наша Задруга, а исто така и социјалистичкиот напредок на нашено село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите овие денови додека го чувствуваше писмото во пазувата тие тие напињаа, ама не пробија. Сега двете очи се одзатнаа и џуркат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Потоа, секогаш кога ќе си спомнев точно на овие денови, сфатив, има толку многу нешта што брзо не се разбираат, не се даваат со голо око, толку прекрасни нешта скриени се таат во предметите околу нас, чекаат на нас, а ние слепо газиме на нив, ги ништиме тие мали, незаблежливи и неповторливи нешта, бездушно ги сакатиме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Овие денови морам да одам. Дома немаме ни зрнце солца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Овие денови водевме борба во Мацково, Германците се повлекоа, ама селото не можевме да го спасиме. Го запалија со запалувачки гранати оддалеку.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Татко убаво знаеше дека Мајкината „италијанска врска” се должеше најмногу на нивното заедничко патување во Италија, но, за него, Мајкината „грчка врска” остануваше покриена со превезот на мистеријата, сѐ до овие денови минати крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)