оваа (зам.) - наш (прид.)

Само оваа наша ракета е способна да минува светлински години.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мајка ми, среќна, нѐ галеше сите. Смислата на сиот нејзин живот беше нашата среќа, а оваа наша радост беше дел од тоа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Демек оваа нашава, планинскава, не ти е по ќеф?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И ќе зажалиш таму за оваа наша планинска миризба, - рече Кирил, па ја опфати со еден поглед долината и ги рашири ноздрите, напнувајќи ги градите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Нешо си ми нервозна“, „Много ти љубоморат“, „Пуно имаш душмана„, „У никога да немаш поверење,“ се едни од главните фрази на оваа наша легендарна македонско босанска пророчица која на крај увек ќе ви дае воља за живот со нејзината фраза дека „Среча ти стои“.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Значи од оваа наша крава, сепак, може да се измолзе нешто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)