Верувам дека од никаде, ама баш од глувотијата на оваа мирна улица се појави брат ми, рус и висок, во фармерки и кожена винтјага, и непоканет почна да зборува, неконтролирано мавташе со рацете, се закануваше, караше; за пет минути колку што ломотеше сигурен сум дека сѐ ми извади низ нос, па дури и сендвичот што набрзина го имав излапано во гадното шинобусиште.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Последниве години се успокои од тоа. Му се гледаше дека е така добро да си живеат и да си стареат двајцата еден покрај друг, во оваа мирна куќарка скриена меѓу дрвјата во големата бавча, две свеќи во тиха црква што си горат и ќе догорат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)