Попот си ги зеде петте лирички назад и се поослободи малку, мислејќи дека со ова ќе се расипе работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Ова ќе биде нашата прва сопствена куќа.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Томаица зборуваше како се надева дека со ова ќе ѝ се отворат можности за понатамошна соработка со Перуниќ, дека можеби ќе може да патува за Белград и да асистира на уште некоја ревија или припреми на нови колекции.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ова ќе биде добра мачка, рече. За глувци ја донесов.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се врти лево десно, се занесува над провалијата. Леле, реков, ова ќе нѐ стемни...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Може ова ќе ми биде последно играње, беше рекол.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нѐ однесоа во 21 колона. Ова ќе ни биде последна станица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Враг нека носи сѐ... Не плачи... И ова ќе помине”, ја успокојуваше Трајан, но таа му олцкаше во градите; се обидувеше да ја смири, но и нему срцето му олцкаше и бегаше со лицето настрана за да не му ги види очите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Му го подавам ковертот со бараните документи. - Ова ќе потрае – рече.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И копав, копав, копав. Се чудев колку бргу копаа рацеве. Како да ја голтаа земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се прашував - ова ќе ми биде куќа, или јама?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога ова ќе го разбереш, тогаш ќе ја достигнеш највисоката доблест – самоодрекувањето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се разбира, ова ќе наиде на лош прием кај месната власт, решена да ја совлада белата контрареволуција...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ближеше часот на разделбата. Таа сакаше да останам што подолго, наслутувајќи дека ова ќе ни биде последната средба.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Зарем и ова ќе го дозволи, целосно да се отфрли Проектот, почна да се мисли на сите страни.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Или ова ќе е последно нивно видување, збогување, што ли?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ајде, сега деца, вели, простете се со мајка ви, вели, оти ова ќе ви биде последно видување, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе му поверувам на човекот. Ај, може и ова ќе помине, ќе си речам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)