Во ЈКП „Дервен“, во тоа време, веќе имаше неколкумина вработени кои, по разни основи кои беа предвидени и во Колективниот договор за комуналните дејности во РМ како и во Колективниот договор на ниво на работодавач, работеа со скратено работно време од четири часа дневно,5 а за тоа примаа соодветен надоместок (кој изнесуваше 85% од разликата меѓу платата што се добива за работа со скратено работно време и „нормалната“ плата која би ја оствариле доколку работеа со полно работно време).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Спорот на Кирова настана кога, по враќањето на работа и по приложувањето на ова валидно решение на раководните органи – веќе следниот работен ден истите носат одлука за прекин на исплатата на регресот за храна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)