Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тогаш Ловџија зајде од смеа, се преврте на грб со четирите нозе нагоре: - Е, ова чудо не сум го чул, - мачор да не знае што е глушец!
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Да не ги честевме работниците и да не земевме да го запретаме каналон со првата рака земја на цевките, којзнае дали ќе се напраеше ова чудо“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И тој го сожалуваше него поради тоа што не беше допрен од алхемијата која предизвика ова чудо да се случи во него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не рече, ама попот Никола погоди и не беше малку исчуден од ова чудо од ретка жена која е способна и сама да остане, и сама децата да ги гледа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Одеднаш, кај Тодор папуџијата, трас, трас! над мене: жена му тресе некое парталаво чергиште со триста оки прав!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: (Тресејќи го.) Бреј, правови! Откаде ова чудо, чорбаџи Теодосе?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Со гредите од паднатите плевни ги потпираа чатиите на куќите, но многу куќи и не издржаа, та многу семејства се здружија заеднички да живеат, да го делат злото и да го молат господа што побргу ова чудо да го запре.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Не е тоа“, велеше слепиот Тимон: „Ова чудо се случува само во воено време.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сполај му на господа, што ќе беше ова чудо, зборуваа луѓето и грабеа на рибите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Што е ова чудо!?“ удираше врз катедрата наставничката, со намера да забележиме дека е влезена и да нѐ смири.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во таа прекрасна врева не забележавме дека одморот завршил и дека веќе влегла наставничката по македонски јазик.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Со широко насмевнато лице се вртеше де наваму, де натаму и се обидуваше нешто да рече.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во градот се веруваше оти ова чудо може да донесе и други чуда. Се враќаше надежта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)