При секое доаѓање кај Висар, учителот му носеше и цвеќе; му го носеше цвеќето синчец кое учителот го викаше „детско главче“; му го носеше него, бидејќи и син му ова цвеќе го сакаше најмногу.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Тато, заборавив како се вика ова цвеќе? - прашува и гледа де во мене де во старецот. - Јаглика, - велам.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)