На ова рочиште судот ќе ги определи денот и часот на одржување на првото рочиште за главна расправа – во рок кој не може да биде пократок од осум дена ниту подолг од 60 дена, а во сложените предмети најмногу до 90 дена сметано од денот на одржаното подготвително рочиште – потоа доказите кои ќе се изведуваат, како и сведоците и вештаците кои ќе бидат поканети на главната расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На ова реагираше и самиот судија и на тужениот работодавач му предочи дека „недоставувањето на писмено соопштение за отказ е прекршок кој се казнува со закон“.6 Исто така, на ова рочиште, од страна на судијата беа одбиени и некои други предложени, а неиздржани „докази“7 – како што се некои извештаи за работа, прегледи и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во април се одржа второто рочиште на кое, по барање од судечкиот судија да се достави доказ за писмен отказ, тужената страна достави само обична е-порака испратена од координаторот (надредениот) до претседателот на организацијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)