ова (зам.) - има (гл.)

- Па...да, знаеш, дека во сето ова има и нешто добро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ова имаше брз ефект и малото тело се преврте, си ги најде нозете и почна да претка наоколу, инстинктивно барајќи ја спасоносната дупка, за која мачорот знаеше дека не може да се најде на тревникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
(Го гледа своето палто) Под ова има друго. (Го соблекува) А под ова? (Ја соблекува кошулата) А под неа?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тие весници овозможуваа форум за политички расправи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А оние што биле сопственици на своите домови во многу случаи немаа живи наследници или преживеани љубовници на кои би им ја пренеле сопственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некогашните геј- гета, откако од скромни, етнички или работнички маала се претворија во отмени урбани енклави, привлекуваа луѓе со сериозна пара на кои не им пречеше сѐ помалото присуство на геј- луѓето и кои можеа да си ги дозволат вртоглаво поскапуваните станарини – или кои можеа да ги потрошат значителните износи што беа потребни сега за да се купи станбен имот.447
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што растеа цените, празните места што ги остави сидата не се пополнуваа со нови бранови геј-доселеници од работничката класа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, геј- населението полека- полека се разводни и се разби – како што потврдуваат и податоците од Пописот од 2010 г.448 Како резултат на тоа, целокупната општествена инфраструктура на машкото геј- живеење постепено се влошуваше. ‌Ова имаше разорно дејство врз геј- културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голема улога при ова има Републичкиот хидрометеоролошки завод и други институции кои го мерат квалитетот на воздухот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако сакаш да знаеш, во сево ова има толку многу конвенционалност, што сега веќе може да возбуди само некој оперски херој како што си ти.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога го отворив „Гласот на јавноста“ што на масата го остави Аристин, прочитав во весникот дека истиот тој ден, во раните утрински часови, сум умрел. *
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш девојката спушти на масата пред мене кутија машки бонбони со виски „Laroshell de Luxe“. – Ова е за вас – додаде – но, покрај ова имам и две прашања, професоре.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)