Тврди дека не нѐ убива висината од која скокаме, туку нашата сопствена тежина.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
И кога почувствува дека догорчето му гори прсти, ја истресе пепелта и како да се жалеше некому, рече: - Навикнавме на кал, на студ и дожд, на глад и жед, на магла и виулица, на вошки и нечистотија, на тресокот на бомбите и рафалите, на страдања, на крв, на болка и на ранети, на сакати и мртви, да нѐ убиваат и убиваме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нѐ удираше црн дожд, нѐ убиваше силно сонце, се пробивавме низ најстрашна снежна фортуна, не, ништо не можеше да нѐ врати од тој пат, да нѐ оддели од тој човек.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)