- Денес сме четврток... в недела човек ќе нѐ спроведе одовде, - заврши Глигор, мазнејќи ја со врвовите на прстите наедрената џумка врз главата на Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Да си одиме по пругата“, рече Земанек и јас знаев зошто вели така: во таа општа дезориентираност во тој широк простор, во таа светлина што гаснеше, единствена сигурност да не се изгубиме нудеше пругата; таа водеше некаде, водеше на конкретно место, и гарантираше дека ако се оди по неа, нема да се скршне од вистинскиот пат; мостот нѐ воведуваше право во тунелот, тунелот што изгледаше како да ќе нѐ шмукне, како да ќе нѐ голтне, како да ќе нѐ спроведе на саканото место.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)