нѐ (зам.) - спаси (гл.)

Татко продолжи со истиот спокој: - Сине, сиџилите нѐ спасија... Ни го продолжија животот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— Овде, другари овде. Ако орманот не нѐ спаси, отидоме кај свети Петрета, — им советува Толе на сите раководители на пропаднатото востание и им ја покажува цуцката „Соколот" со густата елова и букова гора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но не излезе така лесно како што го предвидуваа тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе нѐ спасат и вас и мене.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Јас сум виновен за сите зла! Убијте ме!!!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Само Партијата можеше сите да нѐ спаси, како и верноста кон комунистичките, антирелигиозни идеи на Ленин и Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во новата земја, на другиот брег од Езерото, Југославија односно Македонија, Татко нѐ спаси од фашизмот и подоцна од сталинистичкиот комунизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Жан: Твојата лудост нема да нѐ спаси, Пјеро.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но и Филозофот одговори подобно, со парабола сјајна: „И Господ, Исус Човекољубецот еден беше, а дојде да нѐ спаси сите нас“, рече Филозофот, и продолжи мед да тече од устата негова: „ Ако имаш зрно, ќе никне ли од него клас, а од зрната на класот првороден, ќе никне ли нива цела, па од неа друга?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Нека му е вечна слава...” рече слепиот Тимон. „Си ја даде душицата за да нѐ спаси нас...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
МИХАЈЛО: Помина? СУЛТАНА: (Кима со главата. Пауза.) Уште малку. Само чудо може да нѐ спаси.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Го наследив неговиот немир кој се чувствуваше во растреперените прелистувани страници, во тајните записи, закопани некаде близу во земјата, како на вистински закоп Чунот кој нѐ спаси таа немирна есенска ноќ, макар што ја мина границата вардена од подводниот змеј, според татковата навигаторска стратегија во животот, не престануваше да броди во имагинарните балкански немирни бранови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
3. Распосли си го окото - мојата љубов сака да патува мојата љубов сака да залута да се врати, да нѐ спаси мојата љубов сака Во предградието на твоето око трепките си поигруваат есен, отвори, патникот кој чука е љубовта ќе влезе за да побегнеме од времето меѓу градите отсекогаш сум носела виделина окото твое отсекогаш ме барало мене - разбуди го, ноќва како на сон те сакам, погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Уште многу ќе страдаат, кутрите, си помисли, сеќавајќи се на сликата на Сталин во нашата куќа крај реката, од која нѐ спаси бришејќи го од правот неговиот лик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Полегнуваа житата и сѐ што ќе потераше потеруваше невесело и болно Ние лежевме прегрнувајќи ја земјата зашто само таа може да нѐ спаси И слушавме како кон нејзиното убаво време и по патиштата шетаат црквени ѕвона.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Вселенскиот брод би можел да стаса и да нѐ спаси.” „Да, утре, утре, утре, утре, утре.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Има уште еден лек, вели Маса Кулумоска, уште само врапчиња, сојки и прлици може да нѐ спасат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нашата молитва ќе ни ја прочисти душата, вели, и ќе нѐ спаси од сите красти и болести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)