Мајка успеваше среде книгите да ја оживува татковата присутност, да нѐ собира сите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога нѐ собираше повеќе, станавме. Од многу седење може јајцата да ни се исквачат, да ни се испилат. Така, ба ми како! Дуко Тренчески дури и не подиспрати.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не нѐ собира и двајцата во една приказна. Да бевме помали…
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
„Се зборува дека наскоро ќе нѐ собираат нас Евреите и дека ќе нѐ однесат некаде, на пат за кој никој не знае ништо”. „Тоа се глупости, народот денес сешто зборува”, рече мајка ми со слична решителност. „Можно е”, одговори по подолга пауза таткото на Рашела.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А нашите од командата нѐ собираа на ноќни судења и им судевме – смрт.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А нашата кралица, што на работа ни правеше „штимунг“ (ете, пак германски збор), играше со другарките и марамчињата порабени со парички, весела и насмеана и преубава; нема веќе да нѐ собира пред дуќан, варејќи ни кафе секое утро.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И затоа Коле не нѐ собира веќе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)