Многу тешко да нѐ собере со сиот тој багаж, - рече Рада, која се чудеше зошто ѝ се сите тие работи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Налетавме на заседа. Нѐ собраа во една штала. Нѐ наредија покрај ѕидот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Често пати знаеше да нѐ собере во класата и со саати да ни раскажува случки од сопственото искуство кои делуваа како најоткачени сценарија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сега, со отварањето на училиштето во нашето село, клепалото освен за Света Петка, ќе клепа и кога ќе треба да нѐ собере нас, децата, за на сколија, како што во прво време го викавме училиштето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Следниот ден беше Благове, празник, и ние учениците очекувавме Петре Даскалот да нѐ собере, ама манастирското клепало не удри и се разбира оти тој не е в село, заедно со другите некаде е заминат.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Свирнаа сирените и нѐ собраа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Утредента сите нѐ собра во одајата, го тргна покривот од лелајката за да го видиме бепчето, а потоа нѐ спотера по селото да ја рашириме веста, да кажеме дека ни се роди братче.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мајка ми ќе нѐ собереше сите четворица и со часови нѐ анимираше крај брегот на морето.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Грмнаа трубите и тапанот!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И немаше ден мајка Евгенија да не нѐ собере. Најчесто тоа го правеше по вечерата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Потоа тие нѐ собраа и ни рекоа: - Момци! Треба да се покажеме.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Како се викаат чешмите во нашето село, да каже Маре. - Нова чешма, Лаброва чешма... Изворчето, Кочанка, Под липките.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сигурно за пари нѐ собраа, – почна едно дванаесетгодишно момченце, чувствувајќи се најхрабро како највозрасно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Нѐ собраа и нѐ одведоа, а зад нас остана недовршената приказна во гласот на дедо и баба...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А јас, пак, немам разбирање за тие, кои дејствуваа во беззаконие и ноќе, арамиски нѐ собраа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа, пролетта 1948 година, беше март и сите планини околу Преспанското Езеро беа под снег, нѐ собраа и нас, околу четиристотини и педесет деца на возраст од две до четиринаесет години.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нѐ собра во нашата некогашна училница ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Коле уште рано изутрина нѐ собра кај колибите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Учителот нѐ собра и ни рече: - Деца мои, пред вас овојпат стои тешка задача.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Часовите завршија. Коле нѐ собра во дворот и чека да заминат другите деца. Остануваме: јас, Васе, Калчо, Танас, Митре и Ѓеле.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)