нѐ (зам.) - снајде (гл.)

Оти ако отидеме одвечер, вели, може да нѐ снајде некоја невола, како што го снајде Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка не престануваше: – Црни ние, каков кијамет нѐ снајде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
О, блажени, устата не сака да ми говори, раката одбива да пишува што нѐ снајде потем.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од каде знаеше дека ова ќе нѐ снајде, врагот да те земе... Тој им рече: - По себе си...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа беа психолошки реакции на закана однадвор, на разорување однадвор – реакција на неволја што нѐ снашла однадвор, што ни била нанесена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)