Тие ќе го кренат оружјето и пак ќе нѐ турнат назад, ќе нѐ седнат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така, нѐ седна во една од собите каде што иако доста пространа и чиста, имаше само два старовремски каучи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
На прагот - домаќинката. И таа нѐ изгушка и откако собувме чевли и искажавме топли и убави зборови за убавината на куќата ѝ пожеливме мир и среќа, нѐ седна на миндер покриен со рачно исткаени килимчиња.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нѐ седна на широки миндери послани со дебели волнени црвени веленца.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сопственикот откако нѐ седна, а пред тоа со ненајбелиот пешкир ги истера мувите од масата, сврти лице кон нас и со помош на преведувачот нѐ праша со што може да нѐ почести.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Жената уште еднаш се поздрави, изгледа таков им адетот, двапати да се поздравуваат, и по повторното “καλος ηλθατε”8, нѐ седна на миндерите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)