Никој не би можел да ме убеди дека таа не нѐ сака и дека не е загрижена за тоа како живееме.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Корист и само корист. Дури и оној што го сакаме го сакаме од корист. За да имаме кого да сакаме и да нѐ сака.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
— Што е ова, мори Оливеро, ќе ѝ велам, и овде не нѐ сакаат...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама, дека многу нѐ сакаше, само ни ги тргнал, ни ги вратил рацете назад, и се пикнал меѓу нас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бев убеден, тој човек не нѐ сакаше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
ВЕЛКОВ: Сечиј живот е како оној на Исус Христос. Прво нѐ сакаат и слават, после нѐ продаваат за триесет сребреници.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не би можела да го одгледам онака како што ти нѐ одгледа Херман и мене,“ ѝ пишуваше на својата мајка, „не би можела да го сакам онака како што ти нѐ сакаше нас, ниту да се жртвувам за него, како што ти се жртвуваше за нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И бидејќи нема да можам да му дадам живот каков што заслужува, живот каков што јас сум должна да дадам затоа што таков ми бил даден мене, најдобро е да не му дадам никаков живот, а својот да си го одземам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Добро си се решила. Сестра ми и зетот велат дека нас најмногу нѐ сакаш, па дури и не ти текнува да дојдеш кај нив. А и сваќата не си ја видела од свадбата.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сестра ми ја имав како втора мајка. Зет ми ми купи фустан, чевли, џемпер. Тој многу нѐ сакаше. Тешко се научивме без неа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Постои некој што го сакаме, некој што нѐ сака.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Не требаше да доаѓаме. Марс не нѐ сака.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)