Па, кога дојде време да го посетиме големиот брод Мисури каде е потпишана капитулација на Јапонија во 1945 година ти ни кажа дека ќе нѐ причекаш пред бродот, дека нема да дојдеш со нас.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Господи, колку убав ден се осамна, ами не можеше вчера така да нѐ причека? си мисли додека си го шмрка чајот без леб и додека со благ поглед го опфаќа брлогот дробнежот на баба Петра и некоја невидлива сила ја исполнува, ја раширува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)