нѐ (зам.) - притиска (гл.)

Тогаш истовремено нѐ притискаат психата и вината: Што ќе мислат другите? Што ќе речат, дали ќе нѐ осудат?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Воздухот нѐ притиска, ни ја скорева потта, ни лаза по кожата, ни се лепи за алиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа прашање секогаш остануваше без одговор, но ние си го поставувавме, разговаравме, се договаравме, изнесувавме различни претпоставки и аргументи, се спротивставувавме еден на друг, барајќи излез од мората што веќе силно нѐ притискаше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Првин добро ги притиснавме Бугарите, ама сега тие нѐ притискаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кутрата Рада , кутрите деца , - слушав како зборуваат некои од нив, плачеа заедно со нас, нѐ гушнуваа и нѐ притискаа до себе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)