Мајка ми нѐ пречека, смирена, на порти кога нѐ виде сите заедно, со сите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сталинка, како и секогаш, рамнодушно и благо нѐ пречека свртувајќи го потем погледот кон сочните тревки.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга убаво нѐ пречека, нѐ послужи со топло козјо млеко.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Времето заснежуваше. Во Братислава, нѐ пречека многу силен дожд, измешан со лапавица.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Австријците се родени туристи. Иако беше прилично доцна кога пристигнав во хотелот, гостољубивиот домаќин направи сѐ да нѐ пречека најсрдечно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Калчо нѐ пречека зад стеблакот на крстопатот. Зачекори претпазливо.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Пред вратата нѐ пречекува некој во италијанска облека.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Од бачилата ќе слезат неколкумина другари кај црквичето над селото, за да нѐ пречекаат...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Месечина нема, па грмушките, одвреме навреме, ќе излетаа крај патот и ќе нѐ пречекаат како некои клекнати стражари.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ги содруживме погледите со тетка Анѓа, чии што очи отпрвин свенато нѐ пречекаа, а потоа веднаш благо и родителски светнаа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Здраво, виртуози!“ нѐ пречека со подбивен глас.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Извесно нарушување настапи на немузички план: петорката фати да ни се разнишува. Веќе по првото отсуствување поради оркестарот Љупчо ни замери.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Гината не ви се јавил? - Кој Гина? - Другарот Гиновски. Да фатите риба и да нѐ пречекате. - Не. До овој момент не.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Крокодилот што го цртаа тие личеше на чизма, на весло, на пенушка. Личеше на сѐ, само не на крокодил.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Во селото на седумте црнчиња со кадрави коси и бели заби нѐ пречекаа со тапани и со банани.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Нѐ пречека чадлив воздух и пијана врева.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нѐ пречека силна светлост и шум на нејасни гласови.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пред вратата нѐ пречека жена во години.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Повелете – покажа тој со рака и тргна пред нас. На врата нѐ пречека млад келнер.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И спротивно на грчкиот, албанскиот полицаец нѐ пречека со насмевнато добре дојдовте изречено на наш јазик.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Старата Влаинка – Сараканча нѐ пречека со раширени раце и со насмевка зад која болснаа неколку златни заби.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од зад некоја врата се појави Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во домот на брат ми нѐ пречека Марта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Сакате жените и децата со стапови да нѐ пречекаат, се обидел да го надвика Јордан Шоп.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Каде се храбрите, над земја или под земја, в дупка? - Сеедно. Живи сме и ќе се бориме да останеме.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакате да нѐ вратите без камења. Помочани да излеземе пред светов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Се сеќаваш ли, Онисифоре? Со бегот, брат му на оној што нѐ пречека со пушка на патот кон Лесново, се биевме на денот на Четириесетте маченици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И они викале: - Добро Марко нѐ пречека, ама нема риба од Охрида.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Мил боже, нѐ пречека со мајчински очи, со светол и благ поглед. Во мигот занемев, се колнам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Писмо, што поскоро писмо до Пелагија! што е со нас, како нѐ пречека мајката Македонија, за палатата во која живееме, за големиот град, за фабриката која има оџак како и туланата во Гаково, ама најмногу за она што е во неа, за семето на Доне и нема да додаде дали нешто чула за него или дали го заушила како прелетува над селото или над полето седнат на аловото веленце.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога стигнавме во Рим, нѐ пречекаа со музика и со цвеќе. Ти некако стоеше настрана!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Па тие и ги дадоа децата да им ги чува и заради тоа не отиде на фронтот, а таа ги напушти... - така велеа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Мажите и жените што нѐ пречекаа и нѐ сместија во вагоните, откако тргна возот нѐ прашуваа: - Шти романешти?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Моите сопатници, членовите на делегацијата, директорот на театарот, режисерот и актерот се познаваат со некои од нивните албански колеги кои се дојдени да нѐ пречекаат на границата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На самиот влез нѐ пречекува директорот на Атеистичкиот музеј заедно со шесте водичи - конзерватори, секој задолжен за еден од секторите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Нѐ пречекуваат првите бранови, стигнати, од другиот слободниот брег.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пред хотелот „Дајти” нѐ пречекаа нашите домаќини: директори на театрите, режисери, актери, писатели и други без најавени професии.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Граничарите нѐ пречекаа со мешано полско цвеќе што го собрале покрај пругата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе се истрча малку напред, ќе нѐ измине и пак ќе нѐ пречека на патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го враќаше и кучето, ама тоа кршна од посоката и пак нѐ пречека на патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А некаде ќе нѐ пречекаа, како најближни роднини.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нѐ пречека гостопримливо без многу зборови, иако Змејко си дозволи со него да разговара како со близок роднина.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)