Зарем ова чувство нѐ ослободува од сите пороци, омрази и колебливости?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако сакаат да нѐ ослободат Бугарите, зошто нѐ даваат на Италијанците, вели некој човек.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кај нас сите идат како ослободители, никој да нѐ ослободи од нашите ослободители.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се обидов да ја совладам слабоста што ме враќаше кон мојата смрт.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По некое време нѐ ослободија од војничките униформи и нѐ облекоа во цивилни.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ни велеа дека дури и ќе нѐ ослободат од Турците, а ние за возврат требаше да одбереме дали богослужба ќе слушаме на бугарски или на грчки јазик.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Има разни гласови. Сталин сите нѐ ослободи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се насмеа и, за да нѐ ослободи, нѐ прашуваше за татко ми, за семејството.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Наспроти сите притаени сопирања од страна на Татко да појде во родната земја, Мајка беше решена да се најде и на жртвеникот на враќањето, небаре сакајќи, со самото минување на границата, да ја обезличи, да нѐ ослободи од нејзиното митско присуство во нашите животи, да го наложи чинот на враќањето како нормална состојба, како и за сите други луѓе на земјата, како нејзин реванш над балканската историја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Стратегијата да нѐ ослободат нас, децата, од минатото кое можеше да биде штетно за нашите животи, не можеше лесно да се оствари.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)