Ете, јас слушна за некој си Мише Ќосото, што паднал апцана, та ќе се претстави дека и таа како тебе му се искубала на агите и нѐ најде нас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ошче поарно. Тогаш и твоите блиски муабети со неа нема да им паднат в очи на другарите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мислев дека те најдовме, Сендии, но ти всушност нѐ најде нас.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Зар банката паднала? Банката?! … Проклета несреќа кај нѐ најде, кај нѐ запусти ! ...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Огнот загаснал и нас утрината нѐ најдоа смрзнати.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ако нѐ најде господарот, на меропсот што избегал има право да го муњоса и носот да му го распори на две.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кате, донеси го леѓенот и ѓумчето со вода да се измиеме, дан дојдат некој вака да нѐ најдат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Нас сите здрави, живи и весели да нѐ најде!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ќе се губи главата, си мислам, со гол газ ќе нѐ најдат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Теетооо мориии, ти ли си. Како нѐ најде - викаше Севда.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
во долиштата до кои не стасала лакомоста на живите, го засилуваат листењето на оскорушите и дренките, и на оние сини цвеќиња над кои сеќавањето разбуцува топли спомени: но таму е проѕирен и лелеав Дмитар-Пејко со цут на жилата меѓу веѓите, стои во ѕвонеста кошула на младоженец и помлад е од некогашната своја младост, ќе се пресмета со чудовиштето што ни го претскажуваше патем:
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така нѐ најде Рашела.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Никако да се сети каде можела да нѐ најде.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)