Мајка Евгенија нѐ молеше да не кажуваме. Не ја изневеривме. Не кажавме.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но тој ќе ја дувне некаде до ќошето од дворот и, ете го, пак главата ја провира низ плотот: - Пуштете ме, ќе донесам уште една тиква за вас - нѐ моли.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој ја остави Божицата Мајка на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Памти ми го зборот – лошо племе ќе ве споплати и ќе дојди време нас, Турците, да нѐ молите да ви бидеме пријатели.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се јавува секој ден, нѐ моли да те молиме тебе да побараш излезна виза за мајка ѝ. Ме слушаш ли, Зигмунд?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Почнавме да врескаме, да свиркаме, да полудуваме; при секое качување на некое од девојчињата на разбојот да му го правевме на Земанек истото (викавме: „О-ооооооо-ооп“); девојчињата се вцрвуваа, нѐ молеа да престанеме така да се однесуваме, некоја од нив и нѐ опцу, рече дека сме кретени.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Под мишките стиска тиква и нѐ моли, заедно со Васета, да му направиме стапица.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)