нѐ гледа во облеката, во ликата, ни бара пасоши, ние кажуваме дека ги исфрливме пасошите, од радост и од глупост ги исфрливме, велиме, тие нѐ редат под стража, шестмина, колку што бевме од Македонија, нѐ затвораат во пристаништето и нѐ сослушуваат, нѐ прашуваат кој нѐ испраќа во Бугарија, дали Турција или Англија, ние кажуваме дека идиме од Америка, се чудиме зошто треба некој да нѐ испраќа,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Беше предвидено, поради безбедноста, никој да не нѐ испраќа, а и малкумина знаеја за нашето заминување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Многупати учителот нѐ испраќаше кај него дома, за да го викнеме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во селото заѕвони камбаната. Нѐ испраќа или нѐ вика на молитва?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Гордоста на нашата Федерација, чија слава на оружјето требаше да ја пренесеме во земјите каде што нѐ испраќаше државата како нејзини највисоки преставници, евентуално и вешти трговци, сега беше завршена во купишта железо!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)