- Не се смеј, мој пријателе, нѐ има нас на Балканот доста наивни донкихотовци!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Еј,“ рече тој, „нѐ има на насловна.“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Со Линда веќе зборувавме за новите клинци кои допрва се пробиваат и кои веројатно нѐ имаат како пример за тоа како брзо ќе станеме старомодни.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Грот: Што мислиш за состојбата на стриповите во весниците? !
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Колку што нѐ има поделено реката и брегојте нејзини одамна и како што омраза влегла кај луѓето од двете страни, де заради ова, де заради она, за дрво, за нивче, за бразда со капка вода, толку сега еве се поделивме по партии.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Затоа што си обележана, и покрај тоа што нѐ има многу, по статистика, и по комшиите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ти порано во колку се враќаше навечер од надвор? Во девет часот, нели?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
За да се забележува, божем повеќе нѐ има на око.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А можеби се оддалечуваме и од реалноста“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„А ти сметаш дека мора да постојат општоприфатливи критериуми дури и при вреднувањето на шегата“ се смеам јас „а притоа забораваш дека смислата за хумор нѐ има одминато.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Затоа денес толку многу нѐ има тука.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Младите бегаат во градовите или во Европа, а секој ден нѐ има се помалку. Умираме на туѓа земја.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нѐ има такви што можеме да помогнеме и што помагаме, ама, врти-сучи, сѐ сакаме за тоа да се чуе, да се зборува, да нѐ пофалат, да нѐ величат, па и да ни се оддолжат!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Нашите родители нѐ имаа овде само нас, ние ги имавме нив, а сега и нашето козле... – Тато, тато ни купи козле! – ја гушкавме сите мајка си, доближувајќи ѝ го козлето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Италијанците нѐ имаа на нишан сите во семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ја препознаваме „облеката“, возрасните политичари на индустриската ера, со нивната „без глупости“ трезвеност и врамнотеженост.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Телевизиските вести нѐ имаат истренирано да ги препознаваме „облека- мемите“, феудалниот свештеник (или Ирачки мулах) и неговата возвишена молитва. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 52
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)