Треба од неа господ да нѐ варди, како не, како не.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сопругата Гзиме се смири... Бевме сите заедно, сето семејство во градината опколени од војниците кои нѐ вардеа без да знаеме од кого и зошто.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Да нѐ варди Алах да не дојде некој трет! - дополни Раиз.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа се насмевна и повторно ја најде раката на стариот градинар Раиз.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)